social imagesocial image

ЗА НАС

КОИ

сме ние

Нашата фирма "ИКО-ТРУСТ" ДООЕЛ со седиште во Скопје како единствена специјализирана фирма во Македонија која се занимава со продажба на нови ладилници за вода за сите видови возила, и сервисирање на стари ладилници со ново саќе опстојува од 1994 година на Македонскиот пазар. Станете и Вие дел од корисниците на нашите производи и услуги и уверете се во квалитетот кој Ви го нудиме.

Што

работиме

"ИКО-ТРУСТ" е фирма рангирана во однос на годишниот обрт како мала фирма со тројца вработени и една деловна единица, која се наоѓа во населбата Кисела вода. На самиот почеток корисници на нашите услуги беа транспортните претпријатија и компании кои имаа голем број на транспортни возила а денес и сите сервиси за возила и камиони од цела територија на Република Македонија и Косово.

Што

нудиме

Во секој момент располагаме со лагер од околу 2000 парчиња на горенаведените производи, а доколку го немаме на лагер во можност сме во најкраток временски период да го обезбедиме. За квалитетот на нашите производи добивате едногодишна гаранција, а во асортиманот ги имаме сите светски познати производители на ладилници NISSENS,VALEO,DEUS,BEHR,ORDONEZ

IKO TRUST LTD

СЕРТИФИКАТ ЗА БЛАГОДАРНОСТ

По повод 100 годишнината на компанијата Nissens, доделен е сертификат за благодарност за вреден придонес на Ико труст во развој на брендот Nissens.